Достапни линкови

Хеликоптерска несреќа во Хондурас, загина сестрата на претседателот


Војници пристигнуваат во близина на местото на хеликоптерската несреќа

Најмалку шест лица, меѓу кои и сестрата на претседателот на Хондурас, Хилда Хернандез, загинаа во пад на хеликоптер непосредно по полетувањето од меѓународниот аеродром во главниот град на земјата, Тегусигалпа.

Во хеликоптерот биле Хилда Хернандез, четворица телохранители и пилотот. Тие полетале кон нејзината резиденција на околу 40 километри од главниот град. Таа му е сестра на претседателот Хуан Орландо Хернандез. Таа беше министерка во претходната влада.

XS
SM
MD
LG