Достапни линкови

Бомбашки напад врз црква во Пакистан


Pakistan -- Quetta locator map

Најмалку седум луѓе се убиени, а 16 се ранети во самоубиствен напад врз црква во градот Куета во провинцијата Балучистан во југозападен Пакистан. Полицијата соопшти дека во нападот врз методистичката црква во Куета учествувале најмалку двајца милитанти. Едниот од напаѓачите го активирал експлозивот на влезот во црквата во која имало околу 400 мажи, жени и деца. Другиот напаѓач бил застрелан од безбедносните сили.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Во провинцијата Балучистан, на границата со Авганистан и со Иран, често има меѓуверски насилства, напади од исламистичките милитанти и од сепаратистичките бунтовници.

XS
SM
MD
LG