Достапни линкови

Масовна гробница на жртви на ИД пронајдена во Ирак


Ирак - Припадници на малцинското население Јазиди.

Во Ирак е пронајдена масовна гробница на жртви на екстремистите од Исламска држава (ИД). Се верува дека милитантите убиле стотици мажи и момчиња од малцинското население Јазиди и заробиле илјадници жени и деца. Многу жени и деца биле однесени во сирискиот град Рака, кој се сметаше за престолнина на Исламската држава до октомври, кога градот беше заземен од сириските Курди и од арапски сили.

Исламската држава ги смета Јизидите за „обожаватели на ѓаволот“. Нивната вера има
елементи на христијанство, зороастризам и ислам.

Поголемиот дел од населението Јазиди, кое брои околу половина милион, останува раселено во кампови во автономниот регион Курдистан во северен Ирак.

XS
SM
MD
LG