Достапни линкови

Во Букурешт погреб на поранешниот крал Михај Први


Војници го носат ковчегот со покојниот поранешен крал.

Во Букурешт денеска е погребот на поранешниот романски крал Михај Први. Поранешниот крал, кого комунистите го натерале да абдицира после Втората светска војна, почина на 5 декември во Швајцарија. Тој имаше 97 години. На погребот присуствуваа британскиот принц Чарлс, шведскиот крал Карл Шеснаесетти и кралицата Силвија, како и шпанскиот крал Хуан Карлос и кралицата Софија. И делегацијата од Македонија, предводена од претседателот на Собранието Талат Џафери, му оддаде почит на кралот Михај Први на Романија на мисата што се одржа во Кралската палата.

Во македонската делегација е и вицепремиерот Кочо Анѓушев и македонскиот амбасадор во Романија.

На плоштадот на Револуцијата беше изложен ковчегот со телото на покојниот крал.

Кралот Михај имал клучна улога во тоа Романија да се сврти кон Сојузниците по државниот удар во 1944, но во 1947 под притисок на комунистите абдицирал и бил принуден да ја напушти земјата. Михај после војната поминал децении во егзил, работејќи на фарма за пилиња и како пилот. Романско државјанство повторно добил во 1997, осум години по падот на комунизмот.

Тој во 1927 станал крал, кога имал само шест години, после абдикацијата на неговиот татко Карол Втори, кој после три години се вратил на престолот. Вторпат Михај бил крал од 1940 до 1947 година.

Погребот на поранешниот романскиот крал Михаи Први е со највисоки државни и воени почести

XS
SM
MD
LG