Достапни линкови

Кривична пријава против поранешната директорка на Завод и музеј од Охрид


Поранешната директорка на Охридскиот музеј Тања Паскали Бунташеска

Охридскиот Завод и Музеј поднесе кривична пријава против поранешната директорка Тања Паскали – Бунташеска поради неспроведување судска одлука, со што нанела финансиска штета од околу 120 илјади евра и на тој начин довела до блокирање на сметката на Установата.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски на денешната прес-конференција во Охрид појасни Бунташеска не постапила согласно судска одлука од декември 2009 година за отстранување ѕид зад Куќата на Уранија во Охрид што Заводот и музеј го изградил на приватно земјиште.

Сопственикот кој на суд го добил спорот, повел постапка за изрекување судски пенали во висина од три илјади денари дневно, но и покрај таквата состојба одговорното лице во Завод и Музеј не презело никакви активности за отстранување на неправилно изградениот ѕид.

Заради неисполнување на судската одлука, за задоцнување од 700 дена на оштетениот му биле исплатени пенали во износ од 2,3 милиони денари.

XS
SM
MD
LG