Достапни линкови

Матис – Дипломатски, а не воено против Иран


Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, рече дека Вашингтон ќе се справи со Иран преку дипломатски напори, еден ден откако висок американски дипломат рече дека Техеран ги снабдува со оружје бунтовниците Хути во Јемен.

Американска амбасадорка во ОН, Ники Хејли, рече дека има конкретни докази дека Иран им доставува оружје на бунтовниците и ги крши санкциите на ОН. Матис, пак, рече дека таквите докази не гарантираа проширен воен одговор од САД. Тој исто така го осуди Иран за поддршката на сирискиот претседател Башар ал-Асад и на либанската организација Хезболах.

Хејли исто таа рече дека ракетите истрелани на 4 ноември од Јемен кон аеродромот во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, биле произведени во Иран. Претставници на ОН кои ги испитаа остатоците од ракетите рекоа дека не можат да утврдат дека тие потекнуваат од Иран.

XS
SM
MD
LG