Достапни линкови

Трамп: Русија "не помага" за Северна Кореја


Американскиот претседател Доналд Трамп

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп вели дека не е задоволен од соработката на Русија во напорите да ја притисне Северна Кореја за да се откаже од програмата за нуклеарно оружје.Тој изјавата за новинарите ја даде пред Белата куќа.

"Кина помага, а Русија не помага. Ние би сакале да имаме помош од Русија", рече Трамп.

Коментарот дојдоа неколку часа откако Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин. Американски и руски официјални лица изјавија дека двајцата водачи разговарале за Северна Кореја, а Кремаљ објави дека Трамп го започнал разговорот.

Тензиите на Корејскиот Полуостров се зголемија поради континуираното тестирање на нуклеарните и балистичките проектили на Пјонгјанг, спротивно на резолуциите на Обединетите нации.

XS
SM
MD
LG