Достапни линкови

Претреси на СЈО во домовите на Канческа и Божиновски


Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска објавува документи за истрагата „Тендери“ на СЈО

Утрината во домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милеска и поранениот генерален секретар на владата Кирил Божиновски биле извршени претреси од истражители од СЈО.

Претресот во домот на Канческа Милевска траел околу десет часа, а според информациите што ги објавија медиумите биле одземени два мобилни телефони

Освен мобилните телефони на поранешната министерка за култура и бил одземен и компјутерот кој е во сопственост на нејзиниот син. За време на претресот кој по налог на СЈО го потпишал судија на претходна постапка од Кривичен суд, Канческа била присутна и соработувала со полицијата.

Како што објавуваат медиумите претресот е во врска со нова предистражна постапка која ја води СЈО, поврзана со дело од 2016-та година.

XS
SM
MD
LG