Достапни линкови

Руската ФСБ уапси седум лица кои планирале напади во Санкт Петербург


Руската ФСБ уапси осомничени исламски екстремисти. 15.12.2017

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека уапсила седум осомничени екстремисти и спречила бомбашки напади во Санкт Петербург планирани за 16 октомври.

ФСБ денеска наведе дека осомничените биле уапсени на 13 и 14 декември во Санкт Петербург и тврделе дека планирале да постават неколку експлозии, вклучително и самоубиствен бомбашки напа, а дека уапсените биле осомничени членови на групата на Исламската држава кои биле насочувани од странство преку апликацијата за пораки „Телеграм.“

Соопштението доаѓа на само три дена откако ФСБ објави дека тројца осомничени членови на слична група биле уапсени надвор од Москва, кои наводно планирале напади за време на новогодишните празници и за време на претстојната претседателска кампања.

Во април, во експлозија за која властите рекоа дека е самоубиствен бомбашки напад, загинаа 16 луѓе во метро станица во Санкт Петербург.

XS
SM
MD
LG