Достапни линкови

Закажана собраниска седница за именување на јавен обвинител


Архива :Седница во Собранието на Македонија.

Собраниската седница на која на дневен ред беше предлог Буџетот за 2018 година денеска е преместена за 22 декември, а наместо неа во 12 часот закажано е продолжение на 22 седница за именување на јавен обвинител, како и да бидат разгледани реформските закони за правосудството.

Владата на 7 ноември до Собранието предложи 63-годишниот Љубомир Јовески да биде именуван за јавен обвинител на Република Македонија. За именување на јавен обвинител Собранието на Македонија одлучува со просто мнозинство од 61 глас. Јавниот обвинител има мандат од шест години со можност на повторно именување.

XS
SM
MD
LG