Достапни линкови

Кампањата за претседателските избори во Русија ќе почне на 18 декември


Архива: Рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ.

Кампањата за претседателските избори во Русија треба да започне на 18 декември, откако изборите официјално беа закажани за 18 март. Датумот денеска беше определен на официјалното гласање на Советот на Федерацијата, односно горниот дом на Парламентот.

Резолуцијата на Советот на Федерацијата се очекува да биде јавно објавена на 18 декември, кога кампањата официјално ќе започне. Претседателот Владимир Путин објави дека ќе побара нов шестгодишен мандат, а кој очекувањата се дека ќе го освои.

Тој вчера изјави дека на изборите ќе учествува како независен кандидат, наместо да биде номиниран од партијата Обединета Русија која го контролира Кремљ. Многумина тоа го сметаат како навестување дека е можно тој да бара повеќе мандати во иднина, бидејќи според Уставот ќе му биде забранет реизбор во 2024 година.

Опозицискиот политичар Алексеј Навални ја објави својата намера да се кандидира, но Централната изборна комисија тврди дека не ги исполнува условите поради кривичните обвиненија, за кои тој вели дека се политички мотивирани.

XS
SM
MD
LG