Достапни линкови

Тројца астронаути се вратија на Земјата по шест месеци во Вселената


американскиот астронаут Ренди Бресник по слетувањето во Казахстан, 14.12.2017.

Тројца астронаути се вратија на Земјата по скоро шест месеци минати на Меѓународната вселенска станица. Руската капсула Сојуз со астронаутите Ренди Бресник од НАСА, русинот Сергеј Рјазански и Паоло Несполи од Европската вселенска агенција слета во Казахстан. Астронаутите за време на нивниот 139 дневниот престој извршија стотици научни експерименти и неколку вселенски прошетки. На станицата останаа уште команданатот на екипажот Александар Мисуркин и американските астронаути Џо Акаба и Марк Ванде Хеј.

XS
SM
MD
LG