Достапни линкови

Комисијата за европски прашања ја заклучи амандманската расправа за Законот за јазици


Седница на собраниската Комисија за европски прашања

Пред полноќ, Комисијата за европски прашања го заклучи третиот ден од амандманска расправа во однос на Предлог законот за употреба на јазиците. Комисијата за европски прашања, три работни дена водеше претрес по првиот амандман, и не успеа да се произнесе за него. Во согласност со Деловникот, Комисијата не водеше претрес и по останатите поднесени амандмани бидејќи беше истечен рокот од најмногу три работни дена за водење на претресот по амандманите. Со тоа, Комисијата за европски прашања ја затвори 6-тата седница без ниту еден прифатен амандман од сите 90, колку што беа поднесени и Предлог законот за употреба на јазиците го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG