Достапни линкови

Сириската влада нема да учествува во дијалогот со опозицијата


Архивска фотографија-шефот на делегацијата на сириската влада во преговорите во Женева Башар Џафари

Шефот на делегацијата на сириската влада во преговорите во Женева Башар Џафари денеска изјави дека неговиот тим нема да учествува во дијалогот со опозицијата се додека таа инсистира на повлекување на претседателот Башар ал-Асад од власт.

Во Женева во тек е осмата рунда мировни преговори за сириската криза под покровителство на Обединетите нации, но засега не е постигнат никаков напредок. Сириската опозиција и понатаму сака политичка транзиција во земјата без учество на Асад, а владата на Сирија тоа го одбива.

Џафари го критикуваше соопштението на сириската опозиција објавено во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, во кое наведе дека нивната крајна цел е заминување на Асад од власт. Според Џафари тоа соопштение било уцена на женевскиот процес.

XS
SM
MD
LG