Достапни линкови

Џафери - Јотова: Договорот за пријателство да биде што поскоро ратификуван


Илустрација-собраниска седница

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија треба да биде што поскоро ратификуван во парламентите на двете држави, со широка парламентарна поддршка. Тоа ќе отвори можности за конкретна соработка на многу полиња, вклучително и во делот на образованието, економијата и културата. За ова се заложиле на денешната средба претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери и потпретседателот на Република Бугарија, Илијана Јотова, која престојува во кратка работна посета на Македонија.

Претседателот на македонскиот Парламент изразил задоволство од динамиката на средби во изминатите месеци на сите нивоа, вклучително и на парламентарно ниво, како уште еден доказ за заедничките напори на двете земји за унапредување на меѓусебните односи. Џафери побарал поддршка од Бугарија за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија за добивање датум за преговори за членство во ЕУ, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на македонското Собрание.

Потпретседателката Јотова, пак, искажала подготвеност Бугарија, за време на нејзиното претседавање со Унијата, да направи се што е во нејзина можност, Македонија да добие датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ, се посочува во соопштението.


XS
SM
MD
LG