Достапни линкови

Поради маглата откажани и пренасочени летовите на скопскиот аеродром


Илустрација-магла во Скопје

Маглата која го зафати скопскиот регион предизвика проблеми во авиосообраќајот. Дел од летовите на скопскиот аеордром се откажани, а дел се пренасочуваат на аеродромите во Охрид и Приштина.

Според информациите објавени на веб страницата на скопскиот аеродром, откажани се полетувањата за Истанбул, Виена, Базел, Будимпешта и Дубаи, а реализирани се само летовите за Љубљана и Дортмунд.

На скопскиот аеродром слетале само авионите од Љубљана, а откажани се летовите од Истанбул и Виена. Летовите од Дубаи, Брисел, Лондон и Будимпешта се пренасочени кон Охрид и Приштина.

XS
SM
MD
LG