Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Скопје се гуши, Шилегов мува не го лази


Архива: Седиштето на ВМРО ДПМНЕ

Нивото на загаденост на воздухот во последните неколку дена достигна досега невидени размери, а граѓаните на Скопје сабајле се разбудија во најзагадениот град на планетата Земја со ниво на загаденост повисок од градовите во Кина и Индија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Скопје се гуши, а Петре Шилегов и Владата на СДС мува не ги лази“, наведуваат од партијата.

Оттаму наведуваат дека Скопје е далеку позагаден град од Калкута, Њу Делхи и другите градови од Индија и Кина кои досега го држеле светскиот рекорд во загаденост на воздухот.

„Додека граѓаните секојдневно се гушат во загадениот и за здравјето кобен воздух, за Петре Шилегов тоа е реално шоу, истиот тој Шилегов до пред само два месеци во борба за гласовите на скопјани ветуваше чист воздух и здрава животна средина. За сега истото да го гледа низ призмата на реално шоу“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG