Достапни линкови

Цаца Николовска: Советот за реформи во правосудството постојано заседава


Врховен суд на Македонија, Основен суд Скопје2

Во групата во Советот за реформи во правосудството, во која се работи на Законот за судски совет и на Законот за судови, постојано е во заседание, работиме и споделуваме искуства, изјави поранешната судијка на Европскиот суд за човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николовска, која е член во групата.

Таа вели дека се работи на одредени членови на законите во зависност од Планот 3-6-9 и, како истакнува, не оди лесно и има проблеми кои се обидуваат да ги детектираат и да ги расчистат со цел ефективно да придонесат во промената на легислативата.

Таа посочи дека се појавил проблем околу формирање на Комисијата која ќе работи на повторување на постапките и додаде дека прашањето за отсуство на фер судење е предмет на големи жалби и поплаки и дека тоа треба се разгледа.

Според Цаца Николовска во моменталната ситуација кога има отсуство на дел од опозицијата во законодавниот дом многу тешко ќе оди носењето нови закони и на се она што претставува можност за одење напред.

XS
SM
MD
LG