Достапни линкови

Британскиот парламент ќе има конечен збор за Брегзитот


Анти Брегзит демонстранти пред британскиот парламент, Лондон

Британските пратеници вчера дополнително ги поткопаа плановите на премиерката Тереза Меј за Брегзитот со тоа што на парламентот му дадоа конечен збор за каква и да е спогодба што владата ќе ја постигне со Европската унија. Со тоа на парламентот му се дава право на вето на Брегзитот. Ваквите параламентарни акти во Британија се закони кои ниту едно друго тело на може да ги отповика. Ова гласање е прв пораз на владата на Меј во парламентот поврзан со Брегзитот. Се очекува на самитот на Европската унија кој почнува денеска да биде дадено зелено светло за почеток на втората фаза на преговорите за излегување на Британија од ЕУ.

XS
SM
MD
LG