Достапни линкови

Јотова: Немаме време за губење, местото на Македонија е во ЕУ и НАТО


„Немаме време за губење. Бугарија отсекогаш го прифаќала, го бранела и гарантирала правото на Република Македонија да стане полноправна членка и во Европската унија и во НАТО. Нашата држава беше прва што ја призна Македонија во 1992 година и сега е точно време да видиме кои се заедничките проекти кои можеме да ги направиме заедно за младите луѓе да останат во Бугарија и во Македонија“. Ова во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС го изјави потпретседателката на Бугарија Илиана Малинова Јотова, пред нејзината денешна посета на Република Македонија. Таа додаде дека нејзината посета има работен карактер и оти ќе се сретне, меѓу другите, со премиерот Зоран Заев и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

XS
SM
MD
LG