Достапни линкови

Амандманската расправа за законот за јазиците продолжува утре


Седница на собраниската Комисија за европски прашања.

Амандманската расправа за законот за јазиците продолжува утре, соопшти вечерва собраниската Комисија за европски прашања.

Претходно претседателот на Комисијата Артан Груби најави дека за амандманите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе се расправа на 25 декември, но потоа со соопштение се наведува дека сепак третиот ден од амандманската расправа ќе се одржи утре.

На денешното продолжение министерот за правда Билен Саљији одби еден од амандманите на Беса. Седницата на Комисијата беше прекината откако претседателот на Комисијата Груби не им даде можност за процедурална забелешка на пратениците од Беса, по одбивање на амандманот, туку зема збор по што пратениците од оваа партија почнаа да тропаат по собраниските клупи. Фадил Зендели излезе на говорницата и се обиде да го надвика Груби, по што седницата беше прекината.

Пратениците од опозицијата, како што најавија, не присуствуваат на седницата на Комисијата, а се очекува тие да се вклучат во работата на Парламентот по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ предвиден за 23 декември.

Најголем дел од 90. амандмани за Предлог законот за употреба на јазиците 84 има поднесено ВМРО ДПМНЕ, 4 СДСМ и 2 Беса.

XS
SM
MD
LG