Достапни линкови

Украина нема да добие пари од ЕУ, оти не ги исполнила условите


Украина нема да ги добие парите од третата транша од ЕУ, затоа што Киев не ги исполни целосно условите за финансиска помош, изјави шефот на Делегацијата на ЕУ во Украина. Украина исполнила 17 од бараните 21 услов за ги добие парите од преостанатата транша. Европската Комисија ќе ја проценува потребата од помош за Украина во следните месеци.

Според програмата која завршува во јануари 2018 година, Украина доби две транши во висина од 1,2 милијарди евра од вкупно предвидените 1,8 милијарди евра финансиска помош.

Меѓу условите што Украина не ги исполнила се укинувањето на мораториумот за извоз на необработена дрвена граѓа, исполнувањето на условите од областа на енергетиката, борбата против корупцијата, потоа услови во областа на трговијата и социјалната помош за имигранти.

XS
SM
MD
LG