Достапни линкови

Железничкиот сообраќај нормализиран


Железничкиот сообраќај во Македонија е нормализиран откако е исплатен вториот дел од платата на машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт ад Скопје, што беше причина за блокада на товарниот и патничкиот железнички транспорт во изминатите два и пол дена.

Нормализирањето на сообраќајот следи по средбата што изутрина ја имаа вработените и менаџментот на МЖ Транспорт со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Според вицепремиерот Кочо Анѓушев, во МЖ има сериоизни проблеми и се потребни радикални промени.

Во МЖ ќе се испитуваат сите досегашни работења и ќе се утврдува доколку постои одговорност и кринимал за тоа да се поведат постапки.


XS
SM
MD
LG