Достапни линкови

Амандманска расправа за законот за употреба на јазиците


Архива: претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби.

Комисијата за европски прашања за 24 декември ја префрли расправата за амандманите за законот за употреба на јазиците поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изјави претседателот на Комисијата Артан Груби.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваат на седницата на комисијата, а се очекува да се вклучат во работата на Парламентот по конгресот на партијата закажан за 23 декември.

На седницата присуствува и министерот за правда Билен Салиу кој не прифати еден од амандманите на БЕСА, по што почна директна расправија Комисијата меѓу Груби и пратениците од БЕСА бидејќи претседателот на комисијата не им даде можност за процедурална забелешка по одбивањето на нивниот мандаман.

Груби почна со свое обраќање по што пратениците од БЕСА почнаа да го попречуваат со удирање по клупите, а по завршување на обраќањето на Груби беше дадена пауза.

XS
SM
MD
LG