Достапни линкови

Русија со критики до САД поради наводите за дестабилизирање други земји


Архива: портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Русија упати критики до САД во врска со забелешките на советникот за национална безбедност на Белата куќа Х.Р. Мекмастер, кој ја обвини Москва за користење повеќе методи на „субверзија, дезинформирање и пропаганда“ за дестабилизирање на други земји.

Портпаролот на претседателот Владимир Путин денеска ги даде коментирите, еден ден откако Мекмастер рече дека Русија и Кина го „поткопуваат меѓународниот поредок и стабилноста“ и дека игнорираат суверените права на своите соседи и владеењето на правото.

Мекмастер рече дека Русија е пионер на „новата генерација на војување“, дека „употребува сајбеr алатки и се обидува да ги подели нашите заедници, да ги насочи едни против други и се обидува да создаде кризи на доверба.“

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков рече дека забелешките на Мекмастер се „екстремни и апсолутно погрешни.“

XS
SM
MD
LG