Достапни линкови

Сервер: Балканот повторно стана проблем


Даниел Сервер, експерт за Балканот и професор на американскиот универзитет Џон Хопкинс

Американскиот експерт за Балканот Даниел Сервер, коментрирајќи го извештајот на американскиот невладин Совет за надворешни односи за потенцијалните закани за САД во следната година, изјави дека првпат по повеќе години Балканот повторно е проблем, иако има држави во регионот кои се обидуваат да напредуваат. Според Совет за надворешни односи според степенот на ризик за безбедноста, регионите се поделени на три кругови, а Западен Балкан се наоѓа во кругот број три.

„Во извештајот нема ништо што на луѓето на Балканот не им е познато. Имаше некои судири, како тој во македонскиот Парламент. Тоа може да се прошри или да се влоши ситуацијата, имате одредени исламистички екстремисти во Босна и Херцеговина, кои доѓаат од странство. Меѓутоа имаме и националистички екстремисти, кои сакаат оружје и судири. Мислам дека мора да се забележи дека првпат по многу години Балканот повторно стана проблем“, наведе Сервер за телевизијата Н1, додавајќи дека САД имаат поголеми проблеми од Балканот.

„Луѓето се загрижени, не само во овој регион, мислам на Источна Европа. Погледнете ја Полска, потоа руското дестабилизирање на балтичките држави. Тоа е глобален проблем. Балканот е само еден од регионите. Русите се делумно успешни, но не претерано“, посочи Сервер.

XS
SM
MD
LG