Достапни линкови

Тилерсон против воена акција во Северна Кореја


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека воената опција против Северна Кореја во случај на немање дипломатско решение, би значело негов личен неуспех. „САД ќе го зголемуваат притисокот се додека Северна Кореја во значителна мера не се посвети на дијалог за својата спорна нуклеарна програма“, изјави тој, додавајќи дека САД сепак биле воено подготвени доколку Северна Кореја направи, како што рече, „погрешен избор“. Претседателот Доналд Трамп неколку пати и се закануваше на Северна Кореја со целосно уништување во случај да ги напдане Соединетите држави.

XS
SM
MD
LG