Достапни линкови

Македонија оддели шест милиони денари за настраданите во поплавите во Албанија


Албанија, поплави, архивска снимка

Македонската влада на вчерашната седница реши да бидат одделени шест милиони денари финансиска помош и дополнителна хуманитарна помош, за настраданите во поплавите во соседна Албанија. На претходната владина седница беше разгледана информацијата од страна на Амбасадата на Македонија во Тирана за состојбите во Албанија по големите поплави. Владата тогаш ги задолжи Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за надворешни работи и другите надлежни институции во рок од три дена да достават предлог решение за испраќање хуманитарна помош кон регионите во Албанија кои се зафатени со поплавите.

XS
SM
MD
LG