Достапни линкови

Макрон: Светот ја губи битката со климатските промени


Самитот во Париз

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на еднодневниот самит за задржување на интензитетот на напорите за спречување на глобалното затоплување во Париз изјави дека светот ја губи битката со климатските промени. Според него, сите земји мора да дејствуваат бидејќи сите ќе бидат одговорни за последиците од климатските промени.

„Не можеме да кажеме дека не знаеме“, рече Макрон. Десетици шефови на држави и влади, како и шефови на компании, еколози и познати личности учествуваат на самитот „Една планета“ чии домаќини се Франција, Светската банка и Обединетите Нации, на кој се одбележува втората годишнина од договорот во Париз за ограничување на климатските промени.

XS
SM
MD
LG