Достапни линкови

Туск предупредува на трка со времето околу Брегзит


Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск предупреди денеска дека завршувањето на договорот за Брегзит и постигнувањето согласност за идните односи со Британија ќе бидат „бесна трка со времето“ при која земјите членки на ЕУ ќе мора да се држат заедно со цел да избегнат економски нарушувања.

Туск пред самитот во Брисел во четврток го нотира неговиот план за кој ќе бара одобрување од европските лидери за спроведување на втората фаза од преговорите, откако беше постигнат значаен напредок во минатата недела околу насоките за разводот на Бртианија од ЕУ. Според него, заклучокот е дека во првата фаза на преговорите е постигнат напредок и дека остануваат 10 месеци за да одреди периодот на транзиција и идните односи со Британија.


XS
SM
MD
LG