Достапни линкови

Иванов оствари средба со бразилскиот претседател Темер


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, попладнево во палатата Планалто во Бразилија, како што соопшти прес-службата на неговиот кабинет, беше пречекан со највисоки државни почести од страна на бразилскиот претседател Мишел Темер.

Во рамки на посетата Иванов ќе присуствува на свеченото отворање на Амбасадата на Република Македонија во Бразилија, прва резидентна македонска амбасада во Латинска Америка. Иванов вчера оствари средби со д-р Пауло Скаф, претседател на Федерацијата на индустрии на Сао Паоло и Едуардо Виера, претседател на Федерацијата на индустрии на Рио де Жанеиро.


XS
SM
MD
LG