Достапни линкови

Париз е домаќин на еднодневен самит за климатски промени


Главниот влез на Самитот за клима во Париз.

Десетици шефови на држави и влади, како и шефови на компании, еколози и познати личности се собраа денеска во Париз на еднодневен самит за задржување на интензитетот на напорите за спречување на глобалното затоплување.

На самитот „Една планета“ чии домаќини се Франција, Светската банка и Обединетите Нации, се одбележува втората годишнина од договорот во Париз за ограничување на климатските промени.

Светската банка најави дека од 2019 ќе го запре финансирањето на вадење на нафта и гас за да им помогне на земјите да ги исполнат ветувањата за намалување на стакленичките гасови.

На настанот не беше поканет претседателот на САД Доналд Трамп, кој претходно објави дека САД ќе се повлечат од договорот кој го оцени како „нефер.“ лидерите на најголемите загадувачи како Кина, Индија, Бразил и Русија исто така не беа присутни.

XS
SM
MD
LG