Достапни линкови

НАТО му го продолжи мандатот на Столтенберг


Архива: Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

НАТО му го продолжи мандатот на генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг до 30 септември 2020 година.

„Сојузниците му честитаат на генералниот секретар и имаат целосна доверба во неговата способност да ја продолжи неговата посветена работа на прилагодувањето на НАТО на безбедносните предизвици“, соопшти денеска Алијансата.

Столтенберг, кој е поранешен премиер на Норвешка и кој е шеф на НАТО од октомври 2014 година, на Твитер напиша дека е „почестен и благодарен“ за одлуката на 29 земји членки.

XS
SM
MD
LG