Достапни линкови

Нимиц – ќе ги интензивираме разговорите за името


Нимиц – Ќе ги интензивираме разговорите за името
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Нимиц – Ќе ги интензивираме разговорите за името

Медијаторот на Обединетите Нации во разговорите за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц по денешните разговори во Брисел со преставниците, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис изјави дека и во Скопје и во Атина постојат индикации дека би требало да се направат интензивни напори за да се реши ова прашање.

„Имавме двочасовни разговори околу прашањето за името. Ова доаѓа по три години и атмосферата е многу подобра. Првиот состанок беше да ги поставиме уште еднаш позициите на страните. Јас не дадов никакви предлози, но се обидувам да ги олеснувам разговорите меѓу двете страни. Двете страни се добро подготвени и ги артикулираа нивните позиции. Тие покажаа добра воља да ја слушнат другата страна и да ги разберат нивните позиции и да размислат за можните решенија со кои ќе се реши прашањето“.

Нимиц во изјавата додаде дека ќе има обиди за средби секој месец, во Јануари, Февруари Март, со цел да има напредок во процесот.

„Досега не сме се обиделе на ваков начин, но и двете влади и министерства за надворешни работи побараа од нас да ги интензивираме напорите“.

Тоа, вели Нимиц се надева дека ќе доведе до решение на спорот.

XS
SM
MD
LG