Достапни линкови

Рудари во Казахстан одбиваат да излезат од рудниците, бараат повисоки плати


Архива: Илустративна фотографија.

Десетици рудари во централниот казахстански регион Карагханди одбиваат да излезат на површината, барајќи зголемување на нивните плати. Официјални лица од регионалната администрација на Карагханд денеска соопштија дека околу 200 рудари поминале две ноќи под земја во четири рудници за јаглен во градот Шахтинск.

Канцеларијата на регионалниот гувернер соопшти дека неколку претставници на рударите и нивните синдикати разговарале со локалните власти и со претставници на сопственикот на рудниците „Арсерол Митал Темиртау.“

Претставници на „Арсерол Митал Темиртау“ за Радио Слободна Европа изјавија дека главното барање на рударите е двојно зголемување на нивните плати и оти се подготвени нови договори кои ќе го задоволат ова барање. Компанијата во септември соопшти дека се преговара за нов колективен договор со рударските синдикати и дека треба д асе потпише пред крајот на годината.

XS
SM
MD
LG