Достапни линкови

Пентагон воздржан за руското повлекување од Сирија


Пентагон воздржано реагира на вчерашната објава за повлекување на значителен дел на руските сили од Сирија. „Руските изјави за повлекување на силите често не одговораат со вистинското намалување на воените ефективи и не влијаат врз американските приоритети во Сирија. Меѓународната коалиција ги продолжува операциите во Сирија“, изјави портпаролот на американското министерство за одбрана Едријен Ренкин Галовеј. Рускиот претседател Владимир Путин за време на вчерашната ненајавена посета на Сирија нареди повлекување на значителен дел од силите од таа земја, откако Москва објави целосно ослободување на Сирија од Исламската држава.

XS
SM
MD
LG