Достапни линкови

Судот во Киев го ослободи Саакашвили


Судот во Киев го ослободи опозиционерот Михаел Саакашвили, 11.12.2017.

Судот во Киев го ослободи опозиционерот Михаел Саакашвили, обвинет за поттикнување државен удар. Судот го отфрли барањето на обвинителството поранешниот грузиски претседател да биде ставен во домашен притвор. Тој беше уапсен во саботата. Саакашвили наведува дека целиот негов случај бил организиран од претседателот на Украина Петро Порошенко. Обвинет е дека сакал со „сила да ја преземе власта“ во текот на неодамнешните антикорупциски протести во Украина кои, според обвинителство, ги финансирале луѓе блиски на Виктор Јанукович, некогашен претседател на Украина кој беше соборен од власт во 2014 година. Грузија го бара Саакашвили за „злоупотреба на власта“.

XS
SM
MD
LG