Достапни линкови

Њујоршкиот бомбаш дошол во САД пред 7 години


По активираната импровизирана бомба во метрото во Њујорк, 11.12.2017.

Претставнници на полицијата во Њујорк изјавија дека 27 годишнното лице кое вчера активира импровизирана бомба во метрото дошло во САД пред седум години од Бангладеш со виза за луѓе чии роднини се граѓани на САД или постојано се населени во таа земја. Наведено е дека Акајед Улах живеел во Бруклин. Тој на истражните органи им рекол дека бил инспириран од Исламската држава, но оти немал контакти со оваа екстремистичка група. При детонацијата тој претрпел повреди на стомакот и дланката.

XS
SM
MD
LG