Достапни линкови

Премиерот Заев во прва официјална посета на Косово


Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев

Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Косово. Заев ќе се сретне со неговиот косовски колега Рамуш Харадинај, а ќе има средби и со претседателот на Косово Хашим Тачи и со претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели. Македонскиот премиер ќе се сретне со претставници на Македонско - косовската бизнис заедница. Во македонската делегација ќе бидат и министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми. Посетата на Заев е прва официјална посета на премиер на Република Македонија на Република Косово.

XS
SM
MD
LG