Достапни линкови

Бугарија ќе врши ремонт на ловците МИГ-29


Бугарија побара од Русија да изврши ремонт на нејзините застарени ловци МиГ-29, за што Софија ќе и плати на Москва околу 50 милиони долари, соопшти бугарското Министерство за одбрана. Иако е членка на НАТО и Европската унија, Бугарија мора да ги одржува старите летала, бидејќи повторно пропаднаа плановите на Софија за купување нови воени авиони. Министерството посочи дека Бугарија одново ќе ја покрене постапката за набавка на нови летала.

XS
SM
MD
LG