Достапни линкови

Средба на Ахмети со Палмер и Бејли


Политичките случувања во земјата и во регионот, системските реформи, владеењето на правото, односите со соседите како и интеграцијата во НАТО и во Европската Унија биле главни теми на денешната средба на претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети со директорот на канцеларијата за Јужна и Централна Европа на Стејт департментот Метју Палмер, како и со американскиот амбасадор Џес Бејли во амбасадаоата на САД во Скопје. Од ДУИ информираат дека тие разговарале и околу јазичната еднаквост и ситуацијата во регионот.
Во партиското соопштение се вели дека Ахмети ги запознал Палмер и Бејли за фокусот на ДУИ во системските реформи, владеењето на правото, заокружувањето на Охридскиот Договор, како и непосредна интеграција во НАТО и започнувањето на преговорите за членство во ЕУ.
Ахмети повторил дека членството во НАТО е апсолутен приоритет и ДУИ прави сé за постигнување на оваа цел на земјата.

XS
SM
MD
LG