Достапни линкови

Четворица повредени во експлозијата во Њујорк, напаѓачот приведен


Четири лица се повредени во експлозијата на бомба од „непознато потеклo“, која попладнево се случи на станица во Менхетен во Њујорк. Еден од повредените е и осомничениот за предизвикување на инцидентот кој како што јавуваат агенциите, веќе е приведен. Напаѓачот е идентификуван како Акајед Улах и истиот се здобил со повреди кога го активирал експлозивот. Тројца минувачи се полесно повредени. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио го нарече инцидентот, „обид за терористички напа“. Од полицијата соопштија дека осомничениот потекнува од Бангладеш, а во Соединетите Држави живеел во последните седум години. Локалните медиуми јавуваат дека друг маж кој најверојатно имал друг експлозив, бил уапсен во тунел во метрото.Некои од линиите на железничкиот сообраќај во Њујорк се евакуирани.

XS
SM
MD
LG