Достапни линкови

Меркел посакува брзо формирање на владината коалиција


Германската канцеларка Анѓела Меркел се заложи за брзо формирање на владејачката коалиција со Социјалдемократската партија. Таа изјави дека само таа коалиција би можела да да донесе стабилна влада, која е неопходна во временските предизвици за Европа, пренесува Асошиејтед Прес. Меркел го повторила интересот за јакнење на европското единство и додала дека тоа може да биде една од главните точки на големата коалиција меѓу нејзините демохристијани и СДП. Двете страни почнаа преговори пред неколку дена за продолжување на соработката од претходниот мандат, но се уште не е сигурно дека ќе се дојде до договор. По катастрофалните резултати на изборите на 24 септември, социјалдемократите најавија заминување во опозиција, но се предомислија откако преговорите за состав на влада со либералите и зелените не успеаја.

XS
SM
MD
LG