Достапни линкови

Извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите


Архива - лого.

Извлечени се двојките за осминафиналето во европската Лига на шампионите, по денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид ќе игра со Пари сен Жермен, додека Челзи за противник ја доби Барселона.

Во останатите двојки за осминафиналето Јувентус ќе игра против Тотенхем, Базел против Манчестер Сити, Порто – Ливерпул, Севиља – Манчестер Јунајтед, Шахтјор – Рома и Бајерн Минхен – Бешикташ.

Првите натпревари ќе се играат на 13/14 и 20/21 февруари, а реваншите на 6/7 и 13/14 март следната година.

XS
SM
MD
LG