Достапни линкови

Одложена амандманската расправа за законот за јазиците


Архива: Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби.

Одложена е Комисијата за европски прашања на која денеска требаше да почне амандманската расправа за Предлог законот за употреба на јазиците. Претседателот на Комисијата Артан груби објасни дека одложувањето е поради неприсуство на претставници од Министерството за правда.

Тој истакна дека за продолжение на расправата ќе информира денеска или утре, додавајќи дека се почитуваат роковите од Деловникот и оти очекува на да дојдат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

XS
SM
MD
LG