Достапни линкови

Путин нареди повлекување на руските сили од Сирија


Архива: Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин во ненајавено патување во Сирија нареди почеток на повлекување на силите на Русија од земјата на Блискиот Исток.

„Наредив министерот за одбрана и шефот на генералштабот да започнат со повлекување на групата сили на Русија во нивните постојани места на распоредување“, објави државната агенција РИА цитирајќи го Путин.

Во извештајот исто така се вели дека Путин се сретнал со сирискиот претседател Башар ал-Асад во руската воздушна база во Сирија.

Русија на Владата на Асад и даде клучна воена поддршка во војната во која загинаа стотици илјади лица и во која милиони беа раселени, откако започна акцијата против демонстрантите во март 2011 година. Русија кампањата со воздушни напади ја започна во септември 2015 година.

XS
SM
MD
LG