Нови пожари и натаму беснеат во Јужна Калифорнија, а пожарникарите се во постојана битка да го спречат нивното ширење. Властите наредија нови евакуации во крајбрежните населени места, бидејќи интензивниот пламен продолжува да се приближува од ридовите во близина на Лос Анџелес.