Достапни линкови

Над 10 илјади луѓе на протести во Романија


Антивладини протести, Букурешт, 10.12.2017.

Над 10 илјади луѓе протестираа вчера во Романија поради измени на законот за кои критичарите оценуваат дека ќе го отежне казнувањето на корупцијата на високо ниво. Главниот протест на кој учествуваа неколку илјади луѓе беше пред владата во главниот град Букурешт, а антивладини протести беа организирани и во Клуж и Јаш. Учесниците на протестите се противат на најавената реформа, оценувајќи дека правосудниот систем ќе биде под поголема политичка контрола. Една од планираните измени е одземање на можноста на шефот на државата да блокира поставени судии, што моментално е една од неговите клучни функции. Судиите ги наименуваат владата и парламентот.

XS
SM
MD
LG