Достапни линкови

Комисијата за европски прашања ќе расправа за Законот за јазиците


Седница на собраниската Комисија за европски прашања.

Собраниската Комисија за европски прашања денеска во 11 часот ќе ја одржи шестата седница, на која единствена точка на дневен ред е предлог-законот за употреба на јазиците, во второ читање. Оваа седница првично беше закажана за 22 ноември, но претседателот на комисијата, Артан Груби, ја одложи. Тој рече дека тоа го сторил за да не се дефокусира јавноста од итните прашања. Инаку, Груби очекува расправата да заврши до 13 декември. На 20 ноември еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје изјави дека овој закон не е приоритет за европската агенда на Македонија.

XS
SM
MD
LG