Достапни линкови

Вечерва состанок на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ


Илустрација-седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Вечерва во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се одржува состанокот на Централниот комитет на кој се очекува да се потврди оставката на претедателот на партијата Никола Груевски и да се потврди одлуката на Извршниот комитет за одржување на вонреден изборен конгрес на 23 декември во Валандово.

Пред состанокот, пратеникот Антонијо Милошовски рече дека оставката на Груевски ќе биде прифатена, бидејќи тој ја најавил како неотповиклива. Милошоски, чие име се споменува како можен кандидат за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе види дали ќе поднесе кандидатура и дека имало време.

Генералниот секретар на партијата Христијан Мицковски, кој исто така се смета за еден од можните кандидати, пред состанокот рече дека не е исклучена можноста тој да седне на претседателското столче.

“Кој било да застане на чело на партијата јас сум сигурен и убеден дека тој во иднина ќе го порази Зоран Заев и ќе ја предводи македонската влада”, рече Мицковски.

Според најавите на партиските членови на состанокот би требало да се утврдат дневниот ред на конгресот и рокот за доставување на кандидатурите .

Ако две третини од 130 члена на Централниот комитет вечерва ја потврдат одлуката на Извршниот комитет, тогаш на 23 месецов ќе се одржи вонредниот конгрес. На него за нов претседател ќе гласаат истите делегати како и на минатиот редовен конгрес кој се одржа во 2015 година во Куманово.

XS
SM
MD
LG